• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Се чисти огромната депонија позади зградата „Флетajрон“

На барање на Општина Кисела Вода, Град Скопје започна со чистење на големата депонија лоцирана позади зградата „Флетajрон“ (или позната како „Пегла“). Се работи за површина од околу 15 000 квадратни метри.

 

Од денес па во наредните денови, со механизација ќе се собира со години таложениот отпад на потегот од крстосницата "Жил Верн" со "Есенинова".  После чистењето, отпадот ќе биде депониран во Дрисла, а на теренот ќе биде извршено рамнење.

Ова е уште една од активностите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје во насока на обезбедување на почиста животна средина за сите жители од овој дел на градот. Во наредниот период се планирани повеќе вакви и слични интервенции. Сепак, уште еднаш апелираме и до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Дивите депонии  ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa