• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Во населба Драчево се гради нова градинка

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, дополнителната заменик министерка, Санела Шкриељ, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направија увид во градежните работи за изградба на нова градинка во населбата Драчево.

Благодарение на одличната соработка на Општина Кисела Вода со централната власт, по завршувањето на градежните работи конечно после доги години ќе бидат намалени листите за упис на деца во објектите на ЈДГ „8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“. За успешна реализација на проектот, Општина Кисела Вода најпрво го изработи основниот проект за изградба на градинката, по што аплицираше и доби грант од Министерството за труд и социјална политика за зголемување на капацитетите на јавните детски градинки на нејзината територија.

Новата градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, со поделена катност од подрум, приземје и еден кат. Во подрумот е предвидена просторија за горилник и остава за огревен материјал. На приземјето ќе се наоѓа главниот влез на градинката, како и 4 занимални. На првиот кат се планира да бидат сместени јаслите, како и придружни простории. Капацитетот на градинката за згрижување е за вкупно 125 деца, од кои за 95 на возраст од 2 до 6 години и за 30 до 2 годишна возраст.

Објектот ќе ги задоволи сите параметри за енергетска ефикасност, а во функција ќе биде и млечна кујна, санитарни простории и паркинг простор.

На површина од 1320 м2 ќе биде извршено  партерно и хортикултурно уредување.

Целокупниот проект е финансиран преку кредит од Светската Банка за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Локалната самоуправа покрај сите досега реализирани проекти, ги решава и проблемите на жителите за згрижување на нивните најмили во градинките.   

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa