• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Во борбата со корона вирусот мобилни тимови ќе им помагаат на ранливите категории граѓани од Кисела Вода

По дадените препораки од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за превенција и заштита на здравјето од корона вирусот, скопските општини во соработка со Град Скопје и Црвениот крст на град Скопје, и со поддршка од Пивара Скопје, оформија мобилни тимови, кои додека траат препораките ќе бидат во служба на сите ранливи категории граѓани.  

Од утре на цела територија на град Скопје, лицата со попреченост/инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, за нивните потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, ќе имаат можност секојдневно, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот, да ги контактираат тимовите кои ќе имаат задача да им помагаат. Сервисните услуги ќе се даваат бесплатно, додека за производите и лековите кои им се потребни, граѓаните ќе треба на тимовите кои ќе вршат достава да им дадат финансиски средства.

За функционирањето на мобилните тимови, поддршка даде градоначалникот Филип Темелковски, а средства за трошоците на тимовите заедно со другите Општини и Градот Скопје обезбеди Општина Кисела Вода.

За повикување на мобилните тимови на цела територија на град Скопје граѓаните, според местото на живеење ќе можат да се јават на следните телефонски броеви:

Црвен крст Кисела Вода:  070/379-456     02/3211-417

Црвен крст Центар: 070/297-166      02/3115-029

Црвен крст Чаир: 070/208-383          02/2621-924

Црвен крст Карпош: 070/226-136      02/3068-806

Црвен крст Гази Баба: 071/243-078     02/2529-153

Тим за бездомни лица:   02/3096-227

Дополнително, од утре почнуваат да функционираат и две СОС-телефонски линии на Црвениот крст на град Скопје, преку кои секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот, граѓаните ќе можат да добијат психо-социјална поддршка за полесно справување со стресот предизвикан од актуелната состојба. Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а останатите граѓани на телефонскиот број: 071/379-119.

Изминатиов период Општина Кисела Вода со цел да го намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус) презеде бројни мерки за заштита на жителите и своите вработени.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за почитување на препораките на Владата и Министерството за здравство, за заштита од корона вирусот.

Покрај ова, Општина Кисела Вода им препорачува на управителите на станбените згради да почнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови во зградите.

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa