• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Рускиот Амбасадор во посета на Општина Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски беше домаќин на Амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин.

На средбата, се дискутираше за актуелните состојби во кои се наоѓа Општина Кисела Вода, како и сето она што се презема за да се надмине проблематичниот период поврзан со корона вирусот.

Во пресрет на Денот на раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин, кој општина Кисела Вода го празнува секој 6 ти јуни со манифестацијата „Пушкинови денови“, градоначалникот и амбасадорот ги договараа насоките за годинешното одбележување кое, согласно условите ќе мора да има видоизменет карактер.

Инаку идејата за одржување на ова културно збиднување датира од 2009 година, на заедничка иницијатива од Амбасадата на Руската федерација и општина Кисела Вода, во знак на продлабочување на културната соработка помеѓу двете пријателски земји. Во контекст на пријателството, во општина Кисела Вода е именуван парк Пушкин, каде постои и биста на овој великан, а исто така, неговото име го нооси и една улица во општината.

 

Средбата со русиот Амбасадор Баздникин беше заокружена со идеи и подадена рака за нови соработки  кои треба да им донесат подобри услови за живеење на жителите на општина Кисела Вода.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa