• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода прослави 65 години

Општина Кисела Вода денеска прослави 65 години од формирањето. Изминатиов период во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните, Општината соработуваше со нив, со невладините организации, државните институции, странските амбасади, УНДП, училиштата, правните субјекти, спортските работници, а и со претседателот и со членовите на Советот на Општината, без разлика на која партија припаѓаат.

За досегашната успешна соработка, градоначалникот Филип Темелковски, плакети им подели на градоначалникот Петре Шилегов, која во негово име ја прими претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на амбасадорот на Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на Амбасадата на Руската федерација, на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски.

Плакети во знак на благодарност добија и сите останати соработници на Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Темелковски благодарници им подели на учениците првенци на генерација, на наставниците за вложениот труд и за успешното завршување на учебната година во вонредни услови и на спортските работници, кои секогаш прават се да ги привлечат младите на спортските терени, а со тоа и да им го покажат правиот пат.

Градоначалникот Филип Темелковски на учениците им честиташе за постигнатите успеси и им посака успешно продолжување на образованието, а на наставниците им се заблагодари за се што прават за правилен развој на децата.

По повод прославата, свечена седница одржа и Советот на Општина Кисела Вода на која говореше претседателот на Советот, Дарио Шимиќ.

Нека ни е честито 65 годишното постоење на Општина Кисела Вода!

 

Албум со фотографии: 

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.4032078070200115&type=3

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa