• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Се отворија градинките во општина Кисела Вода

Поради заштита од пандемијата КОВИД 19,  со Одлука на Владата, Јавните детски градинки низ целата држава беа затворени на 11.03.2020 год.  По шест месечна пауза, денес градинките во општина Кисела Вода се целосно подготвени по сите протоколи и ги отворија повторно вратите за најмалите сограѓани.

Приемот и целокупниот процес на згрижување на децата од предшколска возраст се одвива со целосно почитување на здравствените протоколи, со утрински распоред на прием по групи, одржување на дистанца, како од страна на родителите, и децата, така и од страна на вработените.

Се вршеше мерење на телесната температура на персоналот и на децата кои се згрижуваат со бесконтактен термометар, а првата активност која се спроведе со најмалите беше запознавање со начинот на функционирање, здравствените протоколи и одржувањето на личната хигиена во услови на Корона криза.  

Во текот на изминатите денови, вработените во градинките извршија целосно генерално чистење на објектите, на целата опрема и инвентарот во занималните, кујната, магацините, пералните, собите за изолација, административните и други простории во објектите, како и целосна дезинфекција на сите објекти.

Обезбедени се и доволни средства за одржување на општата и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.

Истовремено, во двете градинки е обезбедено и доволно лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените, а во следниот период општина Кисела Вода ќе обезбеди и донација во вид на заштитни визири за целиот персонал во јавните детски градинки.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa