• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Целосно е реновирана детската градинка „Расадник“

Општина Кисела Вода со големо задоволство соопштува дека градинката „Расадник“ во која е извршена целосна обнова, денеска стартуваше со работа.

Општината од запуштениот објект на ЈДГ „8 Март“, направи убаво уредена, реновирана детска градинка „Расадник“.

Во градинката, со поддршка и со средства од Владата во износ од 1.600.000 денари, поставени се нови прозорци и надворешни врати, а со донација во износ од 2.700.000 денари од страна на Цементарница АД УСЈЕ поставена е и нова фасада со термичка изолација.

Во сите простории во објектот „Расадник“ извршено е молерисување, стружење и лакирање на паркетот, дезинфекција и дератизација. Воедно, дезинфицирани се душеците и клима уредите.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во придружба со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, изврши увид во завршените активности за реконструкција на градинката. При увидот, директорката на градинката Павлинка Топузоска детално го информираше градоначалникот за сработеното.

Градинките на територијата на Кисела Вода работат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство. Да продолжиме да се придржуваме до препораките од Владата и заедно да го победиме вирусот Ковид-19.

Општина Кисела Вода и во периодот што следува со силно темпо ќе продолжи да ги подобрува условите за своите најмили жители.

 

Состојбата во градинката пред реновирањето:

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa