Насловна
Општина Киела Вода со големо задоволство информира дека после долги години опасниот отпад, Винил Хлорид Мономер, кој беше лоциран на територијата на општината, поточно во дворот на АД „ОХИС“, благодарение на Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина, повеќе не претставува опасност за жителите на Градот Скопје.
Опасниот отпад е отстранет и безбедно е транспортиран низ транзитните држави Србија, Хрватска, Словенија и Австрија, како и во земјата увозник, во која ќе биде уништен, во Германија.
Оваа активност е дел од проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“.
Општина Кисела Вода им благодари на сите вклучени во отстранувањето на отпадот, кој со години претставуваше еколошка бомба.