Насловна
По соопштение од ЈП „Водовод и канализација“, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 10:00 часот без вода ќе останат корисниците од населбата Пржино, од високата зона од улиците: „Милан Мијалковиќ“, „Кочанска“, „Полог“, „Зеленгора“, „Пејо Јаворов“, „Караџица“, „Пандо Кљашев“, „Кара Трифун“, „Малина Поп Иванова“, „Мегленска“, „Виктор Иванович Глигориевич“ и „Мариовска“ со сите краци во населбата.
Прекинот ќе биде поради поврзување на нов водоводен приклучок од Ф – 200 мм со постоечката водоводна мрежа од ф – 200 мм на ул. „Милан Мијалковиќ“ б.б., и истиот ќе трае се до завршување на работните активности.