• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Градоначалникот Филип Темелковски оствари работна средба со заменик министерот за локална самоуправа, м-р Зоран Димитровски

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска оствари работна средба со м-р Зоран Димитровски, заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа.

На состанокот градоначалникот Темелковски, заменик министерот Димитровски го запозна со функционирањето на Општина Кисела Вода, детално го информираше за реализираните проекти, а му ги презентираше и проектите, кои во следниот период Општината планира да ги реализира. Градоначалникот и заменик министерот дискутираа и за новиот Закон за локална самоуправа, и за тоа како уште повеќе да го подбрат квалитетот на животот на граѓаните.

На крајот, Темелковски и Димитровски ја нагласија и потребата  за продолжување на успешната соработка на Општината со централната власт и со Министерството за локална самоуправа, соработка преку која досега направени се видливи промени кои донесоа подобар живот и во руралните и во урбаните населени места.

На заменик министерот, м-р Зоран Димитровски, градоначалникот Филип Темелковски му се заблагодари за нагласената поддршка и за дадените предлози, кои значат многу за функционирањето на Општината.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa