Насловна
Во сите објекти на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, вчера беше одбележан Светскиот ден на љубезноста.
Дечињата преку разни забавни игри, детски песни и креативни изработки, учеа што е љубезност. Тие со помош на своите негувателки и воспитувачки, се потсетија на зборовите преку кои можат да искажат љубезност, научија во кои ситуации како треба да се однесуваат, што треба да направат за другите околу нив да се чувствуваат задоволни.
Покрај ова, во објектите на „Весели цветови“ беше одбележан и Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичките сили. Децата научија и нешто повеќе за историјата на својот град.
Општина Кисела Вода ја поздравува едукативната активност на ЈДГ „Весели цветови“.
Со љубезно однесување, ќе придонесеме околу нас да има повеќе среќни, исполнети лица. Љубезноста да ни биде секојдневие.