• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Беличанец – Алексиќ се сретна со жителите на Црниче и Пржино

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, заедно со дел од општинскиот раководен тим и претставници од јавните претпријатија на Градот Скопје вчеравечер реализираа работна средба со жителите на урбаните заедници Црниче и Пржино.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ во обраќањето ги наведе реализираните градежни работи во Црниче од страна на локалната самоуправа во изминатиот период, а направи и јасна дистинкција на надлежностите на локалната самоуправа и Градот Скопје, односно јавните претпријатија во состав на Градот и порача дека граѓаните можат да поставуваат прашања кои се во надлежност на градот, на присутните претставници од јавните претпријатија.

Граѓаните од Црниче изразија задоволство за реконструкцијата на кошаркарското игралиште на улицата “Баница”, за новите детски реквизити и урбана опрема на постојното детско игралиште на улицата “Партение Зографски”, за поставувањето на сферните огледала на улиците “Востаничка” и “Црниче” со кои се подобрува безбедноста во сообраќајот, а ја поздравија и големата акција за санирање на дупките во оваа урбана заедница. Истовремено, граѓаните пројавија интерес и за идните проекти на општината во оваа урбана заедница.

Раководителот на секторот за комунални работи во општината, Мирјана Јорданова, ги информираше присутните граѓани дека е изготвена проектно-техничка документација за изградба на канализација на улицата “Жванска”, а во следниот период ја најави изградбата и на нови пешачки скали на неколку локации во тој реон, како и реконструкција на тротоарите на улицата “Христо Узунов”. Градоначалникот Беличанец – Алексиќ се надоврза со информацијата дека во следниот период ќе следи и реконструкција на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” и преадаптација на дел од ова училиште во градинка.

Дополнително, градоначалникот ги информираше граѓаните дека во насока на зголемување на безбедноста во сообрачајот, општината изготви сообраќаен проект, кој во моментов е во Градот Скопје на одобрување и со кој е предвидено поставување на нови сообраќајни знаци, едносмерни улици и кружни токови, а се размислува и за поставување на знаци со кои ќе се ограничи и брзината на моторните возила за одредени сервисни улици.

Граѓаните од оваа населба се пожалија и на проблемот со несовесното паркирање на дел од жителите, а поставија прашања и до директорот ЈСП-Скопје  за повторно воведување на автобуската линија со број 6, која го поврзуваше ова населено место со Ѓорче Петров, на што добија одговор дека веќе во следниот период ЈСП-Скопје ќе пушти пробна линија на оваа релација.

Слични барања и сугестии имаа и жителите на Пржино.

Тие се заблагодарија на градоначалникот за асфалтирањето на улиците “Мегленска” и првиот крак на улицата “Пржино” и за новото детско игралиште на улицата “Кавалска”. Од друга страна, жителите на Пржино слично како и жителите на Црниче побараа воведување на автобуската линија со број 6, а се пожалија и на прекопите кои ги вршат јавните претпријатија, а кои потоа не се враќаат во првобитната состојба.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ потсети дека Општина Кисела Вода во моментов ја изведува најголемата акција за санирање на ударни дупки,  со која се опфатени дупките на сите сервисни улици во општината и која досега ја чини општината 10 милиони денари. Истовремено, таа потенцираше дека јавните претпријатија се должни по завршувањето на градежните работи за подобрување на мрежата, да ја вратат улицата во првобитната состојба, односно да ги затворат прекопите.   

Беличанец – Алексиќ ги информираше присутните дека општината издвои 2,5 милиони денари за реконструкција на покривот на градинката “8-ми Март”, а ја најави и изградбата на канализација на улицата “Зеленгора”, како и изградба на пешачката патека од улицата “Кавалска” кон улицата “Мариовска” и реконструкција на тротоари на неколку сервисни улици.

Во делот на урбаното планирање, градоначалникот ги информираше жителите на Црниче и Пржино дека новиот детален урбанистички план, кој ќе ја опфати површината на овие две урбани заедници ќе се носи на транспарентен начин и во дослух со граѓаните.

-“Предлог ДУП-от за овие населени места ќе биде изложен на јавна анкета и подолго од законски нормираното, со единствена цел: овие две населби да го рефлектираат и потврдат приматот на градски и урбани населби” – резимираше градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

Посетите на месните и урбани заедници ќе продолжат следната работна седмица, кога согласно агендата, градоначалникот со својот тим ќе ги посети месните заедници Пинтија и село Драчево.

Коментари  

 
0 #1 vera 2013-10-24 09:36
DALI I KOGA KE SE IZGRADI MINI TRGOVSKI CENTAR VO PRZINO SO MINIMALNO NAJOPHODNITE SERVISNI SLUZBI KOI SE NEOPHODNI ZA NASELBATA OSOBENO ZA POSTARITE LICA - KAKO BANKA ILI BANKOMAT, APTEKA, MESARNICA, I DR.
Цитат
 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa