Насловна
Изминатиот викенд, на заостанат натпревар од четвртото коло од Првата женска кошаркарска лига-запад, екипата на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода оствари уште една убедлива победа. Со резултат 110:40 (35:08, 23:15, 34:04, 18:13), баделки на домашен терен ја победија екипата на ЖКК „Гостивар“ и со предност од шест бодови се зацврстија на првото место на табелата.
„Во текот на натпреварот, на теренот доминантни беа нашите кошаркарки. Шанса за докажување им дадовме и на помладите баделки, кои максимално ја искористија и дадоа голем придонес“ – изјави Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862“.
Најефикасна на натпреварот од екипата на жолто-сините беше Цветанка Димова со постигнати 36 поени. Ефикасни на теренот беа и Сара Максимовска 16 поени, Марија Димитријевиќ 15, Марија Николов 14, Сања Адамовска 12, Мартина Марковска 8, Сандра Лазареска 5 и Стефани Цветановска 4 поени.
Од екипата од Гостивар, најмногу се истакнаа Божиновска 11, Петреска 10 и Стојаноска со 9 постигнати поени.