Насловна
Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска во соработка со Општина Кисела Вода спроведоа крводарителска акција.
Повеќе хумани граѓани и дел од општинската администрација, придонесоа на акцијата да се соберат вкупно 18 единици крв. Локалната самоуправа и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода двапати годишно организираат крводарителски акции.
За успешно спроведената акција, Општина Кисела Вода упатува благодарност до медицинскиот тим, волонтерите на Црвениот крст и до крводарителите.