Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе биде чиста од влезот до нејзината крајна граница

Продолжува генералното чистење од страна на Општина Кисела Вода. Денес сезонските работници работат на потегот кој го следи Јужен булевар до местото викано Рампа, каде започнува Кисела Вода. Се работи за гранична улица со Општина Центар, во чија околина е насобрана огромна количина на комунален смет.

 

За оваа локација, иако е под надлежност на друга локална самоуправа, до Општина Кисела Вода секојдневно пристигнуваат бројни поплаки за нехигиена. Токму затоа од утрово таму се косат тревни површини, се мете, со камион се расчистува наталожениот смет, со цистерна се перат улиците и тротоарите.

 - Наша обврска е на граѓаните да им овозможиме чиста и здрава животна средина. Во конкретнава ситуација, Јужниот булевар е само на 200 метри од булеварот Борис Трајковски, кој е главна артерија на Кисела Вода, но и на Скопје. Нам ни е важно како изгледа и влезот на нашиот дом и самиот дом- изјави градоначачникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, темелно беше исчистен и Паркот на бранителите во Драчево. Тука, слободното време го поминуваат голем број наши сограѓани со своите дечиња, па посебно внимание се обрна при чистењето на детските игралишта и просторите предвидени за детска игра. Секако, и тука не изостана метењето на лисјата, собирањето на отпадот, перењето на пешачките патеки...


Генералното чистење на општина Кисела Вода продолжува и во наредниот период.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa