Насловна
Делегација од Општина Кисела Вода сочинета од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Советот на општината Иван Живковски и советниците Светлана Колариќ и Иван Митровски, денес положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје.
Во чест на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември, тие се поклонија пред загинатите борци, посакувајќи во слобода да го градиме и развиваме нашиот град.
Во честитката што градоначалникот Ѓорѓиевски ја упати до граѓаните, тој вели:
-Нашиот главен град денес празнува 77 години ослободување од бугарскиот фашистички окупатор. Сеќавајќи се на минатото, се поклонуваме пред нашите предци, чие дело го славиме и чуваме. Ние и нашата генерација сме денешното Скопје, ние сме неговата сегашност. Ние ја градиме оваа негова приказна. Ќе дадеме се од себе на денешно Скопје да му дадеме нов, модерен лик, да го направиме град во кој ќе биде гордост да се живее. Нека биде тоа нашата борба за Скопје, нашиот влог во иднината!