Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

  

Насловна

Градоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посети повеќе социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода на кои им донираше пакети со прехранбени производи.

 

Истакна дека токму во овие денови кога се празнува христијанството чија суштина е добрината и љубовта, сите луѓе треба да почувствуваат радост и сплотеност.

Честитајќи го Велигден, тој им се заблагодари и на сите кои преку дело ја покажаа својата поддршка, на тој начин овозможувајќи помошта да стигне онаму каде што е најмногу потребна.

-Да се стремиме да бидеме подобри луѓе, да си помагаме и подаваме рака, да пристапиме со добрина и љубов - тоа е највозвишената човечка особина! Големи денови се пред нас, го чекаме Воскресението Христово. Ова се денови на радост и сплотеност, денови кога треба да покажеме дека сме луѓе помеѓу луѓето.И токму затоа - секој заслужува да ги помине како што доликува! Денес поделивме прехранбени пакети на семејствата од социјален ризик во Кисела Вода. Се потрудивме со мало внимание да им ги разубавиме празниците, да знаат дека не се сами и дека секогаш има некој кој ќе стои како столб во поддршка дури и во најтешките времиња.

Јас можам само да се заблагодарам за силно стиснатата рака, да се заблагодарам и на оние кои помогнаа да изнудиме некоја искрена насмевка денес.

Тоа за мене е најголема награда!

Нека се среќни Велигденските празници, здравје, љубов и слога кај сите-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости