Насловна
Советот на Oпштина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и петтата пленарна седница на 09.02.2024 година (петок) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 34-та пленарна седница
- Предлог - Одлука за прифаќање донацијата – полнач за електрични возила;
- Предлог - Одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Цветан Димов;
- Предлог - Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Советнички прашања
Дополнителни точки за 35 седница
- Предлог - Програма за измена и дополна на програма (надлежност - ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополна на Програма Г1 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2024 година;
- Предлог - Програма за измена и дополна на Развојна Програма - Програма ЛАА – спорт и рекреација (капитални расходи) реконструкција на спортско игралиште и урбана опрема во Расадник 2023 – 2025 година;
- Предлог - Развојна Програма - Програма НАА – основно образование (капитални расходи) изградба на општинско основно училиште „Св. Климент Охридски„ с. Драчево, Општина Кисела Вода за 2024 -2025 година;
- Предлог - Развојна Програма ЈДЗ изградба на потпорни ѕидови на територија на Општина Кисела Вода 2024 – 2026 година;
- Предлог измена на Развојна Програма ЈДГ изградба и реконструкција на улици во нас. Расадник, Пинтија, Цветан Димов, Бирарија, Кисела Вода 2024 – 2026 година;
- Предлог измена на Развојна Програма ЈДИ изградба на пешачка патека и уредување на коритото на р.Мала Рада 2024 – 2026 година;
- Предлог измена на Развојна Програма ЈЕВ изградба и реконструкција на паркинг простор на територија на Општина Кисела Вода 2024 – 2026 година;
- Предлог - Развојна Програма ЈИГ фекална канализација нас.Каменик 2024 – 2026 година;
- Предлог - Развојна Програма ЈГГ изградба,реконструкција и одржување на водоснабдувањето на водоснабдителни системи во нас.Драчево, с.Драчево, Пинтија, Бирарија, Црниче, Пржино, Цветан Димов, 11 Октомври бараки и Кисела Вода 2024 – 2026 година;
11. Предлог - Развојна Програма ЈДВ реконструкција на улиците во нас. Каменик 2024 – 2026 година;
12. Предлог измена и дополна на Развојна Програма - Програма од надлежност ЈНБ изградба на детски и спортски игралишта и урбана опрема на територија на Општина Кисела Вода;
13. Предлог - Одлука за ставање вон сила на Развојна Програма ЈГА изградба на системи за водоснабдување во нас. Каменик во Општина Кисела Вода;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.