• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ предновогодишно додели 45 решенија за легализација

Праксата за доделување решенија за легализација на бесправно изградени објекти во Кисела Вода на неделна основа, продолжува. Денес (27.12.), градоначалникот Беличанец – Алексиќ предновогодишно израдува 45 жители на општината и им додели решенија за легализација.

 

Градоначалникот најпрвин им ги честиташе престојните празници на присутните граѓани, а потоа ги информираше и за динамиката на процесот на легализација во општината.  Беличанец – Алексиќ укажа на фактот дека по воведувањето на неколку технички мерки во одделението за легализација, општината во просек доделува од 40-50 решенија на неделна основа и потенцираше дека главната улога во овој процес, покрај општината, ја имаат и граѓаните.

-“Впрочем, оваа пракса за делење решенија за легализација на неделна основа ја има токму таа функција – да упати апел до сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат, да го сторат истото во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат го доведуваат во прашање легализирањето на објектот” – изјави Беличанец – Алексиќ и потсети дека крајниот рок за доставување на елаборатот е 18-ти јуни 2014 година.

Согласно статистичките податоци на општината, околу 4337 граѓани од Кисела Вода имаат само уште  неколку месеци за да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат.  

Градоначалникот повторно упати апел до сите жители на општината, до сите правни и физички лица да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи како што рече, ќе се соочат со општинската градежна инспекција.

-“Сакам да Ве информирам дека Општинската градежна инспекција е перманентно на терен и секоја нелегална градба која ќе се детектира, а истата не е подведена под Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно нема легална документација за градба, веднаш ќе биде срушена. Под ова се подразбира секоја доградба и надградба на постоечките нелегални објекти, но и секоја нова градба која е започната, а е со некомплетна документација и не се гради во согласност со нормативите на Законот за градење” – заврши Беличанец - Алексиќ.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Од четврток ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода https://t.co/bhL7QIqYOB
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре дел од Кисела Вода без струја https://t.co/tUS9IPep4E
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ https://t.co/KGBFRZZWGV