• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

И општина Кисела Вода се вклучува во „Часот на планетата земја“

На 29 март,  во 20:30 часот општина Кисела Вода ќе го исклучи осветлувањето на неколку спомен одбележја на нејзина територија. Со тоа, ќе даде свој придонес во глобалната волонтерска акција „Часот на планетата земја“ која годинава ќе се спроведува во 154 држави.

 

Македонија петта година по ред  се вклучува во одбележувањето на оваа најголема светска еколошка акција, но прв пат со своја медиумска кампања со поддршка од многу познати личности од земјава, кои ја даваат својата порака за вклучување во акцијата.

-Нашата кампања стартуваше на 3 март и секој ден ќе објавуваме по една видео порака од нашите медиумски амбасадори кои ја поддржуваат акцијата. Мотото на акцијата вели: Нашата моќ е зголемена, засилена и глобализирана кога сите заедно ќе се обединиме во една иницијатива, посебно кога станува збор за најголемата светска волонтерска акција - вели Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.

 Со симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час, општина Кисела Вода испраќа порака до своите жители, но и пошироко, дека сите имаме моќ да направиме нешто за планетава, а преку тоа и за себе. Ова ќе се слчува едновремено во  8.000 градови во светот.

 Видеата од македонската медиумска кампања, која го носи името „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“, се промовирани на официјалната фејсбук-страница на Часот на планетата Земја (https://www.facebook.com/earthhourmk), а исто така сеобјавуваат и на официјалната веб страница на акцијата - www.earthhourmk.org. 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Од четврток ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода https://t.co/bhL7QIqYOB
8hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре дел од Кисела Вода без струја https://t.co/tUS9IPep4E
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ https://t.co/KGBFRZZWGV