• Проект „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Кисела Вода

    Од први септември започнува аплицирањето на жителите на Општина Кисела Вода кои се заинтересирани да бидат дел од проектот

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

  • Општина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден

    Со низа активности Оштина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода оддаде почит на Шандор Петефи

Општина Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарците, 15 март. Денот кога во 1848 година започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија.

 Во знак на почит и продолжување на успешната соработка со оваа земја,  делегација од општината, предводена од претставници од Одделенијата за култура, образование и екологија, положи свежо цвеќе на спомен плакетата на  Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево.

 

Симболично, после поздравниот говор на претставници од МЗ Драчево, беа прочитани стихови од ”Националната песна” на овој истакнат поет и предводник на револуцијата, која била рецитирана пред 30 000 востаници и која го означила почетокот на националната ослободителна борба.

На свеченоста, пред поголем број на граѓани од населбата Драчево, говореа Секретарот на Унгарската амбасада во Република Македонија, Андраш Деак, конзулот Сандор Маќуш, претседателот на здружението на Унгарците во Македонија, Јожеф Шутуш , како и претставници од унгарската општина Пешт Ержбет.

Општина Кисела Вода и понатаму продолжува со негување на културните и историските традиции на Унгарците кои живеат на територијата на Репулика Македонија. Преку континуираните заложби за заемно запознавање на културно-историските вредности, локалната самоуправа дава свој придонес во зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK