• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

ОУ „Св.Климент Охридски“ од с.Драчево, едно од трите најбезбедни и најчисти основни училишта во Македонија

ОУ „Св.Климент Охридски“  од с.Драчево , општина Кисела Вода, е едно од трите основни училишта кои се најбезбедни и најчисти во Македонија. Ова се резултатите од  пилот проектот на Министерството за образование, кој се спроведува во насока на обезбедување на безбедноста и хигиената во училиштата.

На распишаниот јавен повик  се пријавиле 22 училишта кои ги исполнувале критериумите-да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини. Стручната комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта, одлучи дека ова значајно признание ќе му го додели на ОУ „Св.Климент Охридски“  од с.Драчево кое претходно, на петтиот екосамит за наградување на училишта и градинки во рамките на програмата Интеграција на еколошката едукација", го понесе највисокото признание, зеленото знаме.

Покрај ОУ „Св.Климент Охридски“ од с.Драчево, за најбезбедни и најчисти училишта, признанија добија и  ОУ” Кирил и Методиј“ од Стојаково и „Климент Охридски“ од Македонски Брод. Од средните училишта, наградени се „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, „Димитар Влахов“ од Струмица и „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q
O_KiselaVoda Велемајсторите Кутиров и Јаќимовиќ одиграа симултанка во Кисела Вода https://t.co/oo0XRaHz9G