Насловна
По известување добиено од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по информација добиена од ЕВН Македонија АД, ги известуваме граѓаните дека заради технички зафати во електро-системот денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците "Банско", "Востаничка" и "Наум Охридски". Прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде меѓу 09:00 и 13:00 часот.