Насловна
По известување добиено од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ве информираме дека поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-80 милиметри на улица „Коперникова“, без вода денес останаа корисниците од улиците „Коперникова“, „Малешевска“, „Румена Хаџи-Панзова“, „Ужичка Република“, „Јанко Мишиќ“ и „Демостенова“. Прекинот во водоснабдувањето е во период од 11:00 часот па се до санирање на дефектот.