Новости
Започнува подготовката за изградба на фекална канализација на ул. Борис Трајковски на три крака во должина од 1380 метри. Со оваа интервенција жителите во Месна заедница Градинар ќе добијат фекална канализација.
Повеќе: Месната заедница Градинар ќе добие приклучок на фекална канализација
Во насока на создавање на чиста животна средина, Општина Кисела Вода овој месец ги зголеми активностите. Во сите месни и урбани заедници ќе се врши генерално чистење со специјалните општински возила опремени со канистри за вода. Ќе се преземаат групни акции за расчистување на мали и средни депонии, а кон крајот на месецов, Општината ќе започне со активности за собирање кабаст отпад, кои предвидено е да се одвиваат три седмици. За точниот датум на почетокот на активностите за собирање кабаст отпад граѓаните ќе бидат дополнително известени.
На 24 февруари 2021 започнавме со пролетното зазеленување и рехабилитација на зелените површини и паркови во Кисела Вода. За почеток во паркот Пушкин беа засадени вкупно 90 садници, од кои 10 се црвени сливи, 71 се туји и 9 се зелени декоративни топки.
КК „Ангели“ минатата седмица на два одиграни натпревари забележа победи. Кошаркарите на клубот од Кисела Вода, во четвртокот на гостински терен ја надиграа екипата на „Шкупи“, со резултат 67:61, а во неделата на домашен терен со голема резултатска разлика 80:63 ја победија и екипата на КК „Струмица“. Со последната десетта победа КК „Ангели“ останува на првото место на табелата во Втората кошаркарска лига.
Минатата седмица, ООУ „Невена Георгиева – Дуња “ за учениците од прво до трето одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, организираше „Недела на здравјето“.
Повеќе: Во ООУ „Невена Георгиева – Дуња “ се одржа „Недела на здравјето“