Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Општина Кисела Вода го надмина бројот од 4000 легализирани дивоградби на своја територија

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоизградените објекти. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од досега поднесените 11879 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 4012.

 

 Со тоа, оваа локална самоуправа направи уште еден чекор  во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, со што се дава шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.

Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3147. Исто така, изготвени се уште 97 урбанистички согласности, од кои, за 74 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa