Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Општина Кисела Вода изгради ново детско и го реновираше спортското игралиште во Теферич

Рејтинг на корисник:  / 8
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода изгради ново детско игралиште во Теферич. Се протега на околу 70 квадратни метри и е опремено со детски реквизити кои на најмладите им нудат можност за забава и релаксација.

 Дечињата веќе максимално ги користат поставените реквизити - вртелешката, лизгалката, лулашките и клацкалката. Детското катче е надополнето и со урбана опрема-канти за отпадоци и клупи. За изградба на ова ново детско игралиште, општина Кисела Вода инвестираше 150 000 денари, а го изведоа  екипите на фирмата “Занаетчиска работилница – Чардак”- Скопје.

 

Паралелно, истата фирма, по налог на општината, работеше на реновирање на спортското игралиште во Теферич, кое се наоѓа веднаш до детското.

Поставена е нова заштитна ограда, бојадисани се стативите, поставена е и нова мрежа на кошевите, по што овој спортски комплекс е подготвен и достапен за сите љубители на фудбалот и кошарката од овој дел на градот.

За обновата на ова спортско игралиште, општина Кисела Вода од својот буџет издвои 80 000 денари.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa