Ваучери за новороденчињата за почеток на одбележување на 61-от роденден на општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Со доделување на нови 30тина ваучери за новороденчиња од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, денес отпочна одбележувањето на шеесет и првата годишнина од постоењето на општина Кисела Вода кое, со низа случувања, ќе трае во текот на целата седмица.

 -Пред точно три години, на мое лично барање, како градоначалник, а акламативно поддржана од Советот, беше донесена Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова. Со задоволство можам да кажам дека досега имаме доделено 1472 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина- истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ потенцирајќи дека заложбите, за обезбедување на што подобри услови за најмладите жители на општината, ќе продолжат со засилена динамика.

-Во контекст на претходното, сакам да ве информирам дека една од активностите со кои ќе го одбележиме шеесет и едногодишниот јубилеј е отворањето на нова градинка во Пинтија, со капацитет да прими 80 до 100 дечиња. Ова е веќе трета, сосема нова градинка која ја отвораме и тоа на локации во општината каде досега воопшто немаше градинки, што за родителите претставуваше голем проблем. Воедно, интензивно работевме и ќе продолжиме да работиме на подобрување на условите во сите останати постоечки градинки и училишта, како и на многу други проекти кои имаат за цел да го подигнат квалитетот на живеењето во општина Кисела Вода-додаде градоначалникот на општина Кисела Вода.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода целосно ја реконструира ул."Партизански пат" во с.Драчево https://t.co/4f9wOVsL3f
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј се одбележа во основните училишта во општина Кисела Вода https://t.co/3qpbolK3u9
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Обновени фасадите на градинките во Драчево https://t.co/ORwAYvpe5S