Американскиот амбасадор ја посети Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, денес, 31.05.2013 година, ја посети Општина Кисела Вода и одржа работна средба со градоначалникот Билјана Беличанец - Алексиќ. 
На средбата се разговараше за приоритетните активности и проекти кои ги презема Општина Кисела Вода за подобрување на животот на граѓаните, а беа презентирани и можностите за инвестирање, поточно потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината. 


Амбасадорот Волерс се интересираше за предизвиците со кои се соочува општината во насока на подобрување на услугите кон граѓаните, со работата на Советот на општината и процесот на децентрализација. Тој порача дека американската амбасада во Скопје е силен поддржувач на локалната самоуправа во Република Македонија, а доказ за тоа се и големиот број проекти кои општините ги реализираат во соработка со УСАИД во делот на подобрување на воспитно-образовниот процес во основните училишта.
Средбата помина во одлична атмосфера, а претставниците од американската амбасада најавија продолжување на досегашната успешна соработка и можности за реализирање на нови заеднички проекти.

Коментари  

 
0 #1 saso 2013-05-31 12:12
Многу добро
Цитат
 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево https://t.co/yTyavlkl6o