Денес во големата сала на општина Кисела Вода во тек е крводарителска акција. Оваа акција која е во организација на општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода се одвива неколку пати годишно во општината.
Сите заинтересирани хумани граѓани кои ќе изразат желба да даруваат крв тоа ќе можат да го сторат до 15 часот во големата сала на општина Кисела Вода.