Ќе се собира кабастиот отпад во општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

ЈП “Комунална Хигиена”  и Општина Кисела Вода, преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и Скопје на 19.05.2017 година (петок)  и 20.05.2017 година (сабота) од 07:00 – 11:00 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад на територија на општината.

 

Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:

19. 05. 2017 година (петок) од 07,00 – 11,00 часот:

- У.З. Кисела Вода, У.З. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври бараки, МЗ. Пинтија, У.З. "Бобан Трпков"- населба Драчево, М.З.село Драчево , М.З. Усјe и Градинар, М.З. Припор- локација (ул. Христо Татарчев – до месната заедница Припор, месност Бабин дол – последна автобуска станица на 24)

20. 05. 2017 година (сабота) од 07,00- 11,00 часот:

-  У.З. Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Црниче, У.З. Пржино и У.З. 11-ти Октомври згради

Почитувани граѓани, Ве замолуваме отпадот да го одложувате во точно предвидените термини пред своите домовите, колективните згради на пошироките улици на начин што кабастиот отпад  нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на ЈПКХ-Скопје.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Христо Татарчев без струја https://t.co/Gus5bQy38k
O_KiselaVoda И жителите на Општина Кисела Вода можат да аплицираат за субвенции за печки на пелети https://t.co/DqxWRK6UE4
O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/bISpPibz1Z