Секојдневието на околу 190 дечиња од ЈДГ ‘’8 ми МАРТ’’ објект Пржино се одвива во одлични услови.
На објектот на оваа градинка беше извршена комплетна промена на фасадата и надворешната столарија, а загревањето, наместо како во минатото со нафта, се врши на целосно еколошки начин, со котел кој како енергенс користи биогориво.
Претходно локалната самоуправа инвестираше во замена и на кровот со што овој објект изграден во 1979 година доби значително подобрени енергетски услови. Со оваа реконструкција која беше извршена на површина од околу 1270 квадратни метри беше опфатено отстранување на азбесните табли.
Спроведувањето на овие мерки за енергетска ефикасност и во иднина ќе остане една од главните заложби на општина Кисела Вода, кои имаат за цел како за подобрување на условите за грижа и едукација на децата во јавните детски градинки и училиштата така и за заштеда на енергија, но и за намалување на загадувањето на животната средина.
Минатата година во оваа градинка беа запишани 169 дечиња , а оваа година градинката ќе дочека околу 190 дечиња.