Реализирани бројни проекти во Црниче

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во изминатиот четиригодишен период, Општина Кисела Вода инвестираше во бројни проекти и во УЗ Црниче.

Реконструирани се повеќе улици, изведени се тротоари, а беше одговорено и на дел од најголемите барања и потреби на жителите од овој дел на градот, што подразбира дека беше извршена темелна реконструкција на ПОУ “Кузман Јосифовски Питу“ и отворена првата градинка во Црниче – “Перуника“.

 

Во училишниот објект на ПОУ “Кузман Јосифовски Питу“ , целосно беа реконструирани кровот, фасадата и столаријата, инвестиција вредна 6.000.000.00 денари. Дополнителни 730.155 денари од буџетот на локалната самоуправа беа вложени во изградба на ограда и настрешница за истиот објект.

Спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност кои тука беа неопходни бидејќи истиот пред реконструкцијата имаше мошне незавидни услови за дечињата кои тука го поминуваат работниот ден, беше заокружено со замена на системот за загревање со целосно еколошки. Имено, во овој објект беше поставен котел за загревање со помош на биомаса, наместо како досега со нафта. Инвестицијата вредна 4.195.700,00 денари освен што нуди финансиски заштеди, е изнвестиција и во здрава животна средина, бидејќи ваквиот начин на загревање вооопшто не ја загадува животната средина. Воедно, ова е првиот јавен објект во Македонија во кој е применет ваков целосно еколошки метод за загревање.

Градежните активноти во овој објект продолжија со адаптација на просториии за изведба на детска градинка. Беа инвестирани  3.700.000 денари, за отворање на објектот “Перуника” кој е во склоп ЈДГ “Весели Цветови“. Оваа градинка има капациитет да прими 50 дечиња.

Дополнителни сретства беа потрошени за нејзино ентериерно уредување, а потоа во стакленикот на истата беше изведено и детско игралиште за кое беа издвоени 415.000 денари.

Во поглед на реконструкцијата на улиците низ Црниче, ќе ја издвоиме реконструкцијата на ул. Христо Узунов со тротоари во должина од 100 метри што чинеше 1.423.078.00 денари, поставувањето на тротоари на улицата Рилски конгрес во должина од 680 метри во износ од 3.621.711 .00 денари.

Беше извршена реконструкцијата на торотоарите на ул Наум Охридски, проект вреден 473.784.00 денари. Реконструирана беше и улицата Жванска во должина од 100 метри, за што беа потрошени 629.884.00 денари, додека за оваа иста улица беа инвестирани 1.096.663.000 денари за изградба на фекална канализација.

Со адаптација на простории на ул.Востаничка” бр. 59 пензионерите, пак, добија свој пензионерски клуб.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Улиците „Кавалска“ и „Томе Арсовски“ утре без струја https://t.co/OSABwNm7d8
O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/BCepAyeMaQ
O_KiselaVoda Јавен оглас за вработување негуватели Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на... https://t.co/cnb4QuZbuw