“Силви Бенд“ одржа феноменален концерт на “Три круши 2017“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во рамки на културното лето “Три круши 2017“, синоќа феноменален концерт одржа најквалитетното брачно музичко дуо Силви и Влатко Плевнеш, познати како “Силви Бенд“.

Овој бенд кој постои на македонската сцена повеќе од 25 години, зад себе има многубројни фестивалски хитови и песни кои веќе се евергрини, а има настапувано и на многу фестивали како во земјава така и во странство.

Со прекрасната весела изведба на безвременскиот хит “Македо Ламбада“, хит со кој за првпат и се претставија на македонската јавноста како тандем, Силви и Влатко го започнаа својот концерт.

Бројната публика имаше можност да ужива во изведбата на повеќе композиции од нивните албуми и фестивалски настапи меѓу кои: “Убавица и ѕвер“, “Ако ме љубиш“, “Ме полудуваш“, “Бакнежи врели“, “Твојте очи Лено“, а посебен белег на вечерта остави интерпретацијата на безвременската “Ангели ме носат“. Покрај ова, Силви и Влатко за првпат, премиерно во живо пред публика ја испеаа и нивната најнова песна “Љубовна приказна“.

 “Силви Бенд“ со својот настап ја прошета публиката низ времето од своите почетоци па се до денес, и со тоа докажа дека се најквалитетното брачно музичко дуо во нашата држава.

Културното лето “Три Круши 2017“, кое е во организација на Општина Кисела Вода продолжува се до крајот на месецов. Веќе во сабота посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапот на познатата македонска пејачка Сара Мејс Костадиновска.

 

 

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Христо Татарчев без струја https://t.co/Gus5bQy38k
O_KiselaVoda И жителите на Општина Кисела Вода можат да аплицираат за субвенции за печки на пелети https://t.co/DqxWRK6UE4
O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/bISpPibz1Z