Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот дел од жителите на ул. “Јустинијан први“ ќе останат без електрична енергија, а во периодот од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат и дел од ул. “Петар Драпшин“, дел од ул. “Лав Толстој“ и дел од “Добромир Хрс“.
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат декa прекините ќе бидат поради закажани технички зафати.