Општина Кисела Вода информира дека утре од 09 часот без вода ќе останат жителите од населбата Драчево.
Од ЈП Водовод и канализација, известуваат дека прекинот со водоснабувањето е поради санација на електрична инсталација во пумпната станица Драчево и ќе трае се до завршување на работните активности.