Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 16:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат жителите од улиците „Виктор Иго“, „Мишко Михајловски“, „456“ и ОУ „Златен Стремец“. Без струја во исто време ќе бидат и дел од улиците „Емил Зола“ и „Киро Крстевски“. Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат и жителите од ул. „Ениџе Вардарско“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, соопштија дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија е заради изведување на планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.