Работилница за лица со посебни потреби во ООУ „Кузман Шапкарев“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во ООУ„Кузман Шапкарев“ се одржа рaбoтилницa "Пoддршкa нa лицaтa сo пoпреченoст и нивните семејствa".

Работилницата се одвиваше на покана на Британската амбасада, со поддршка на Општина Кисела Вода.

Гостите од Обединетото Кралство, Давид Симсон член на танцовата група „Ларондина“, заедно со неговата мајка, како и членовите на истата група и волонтери од Средното интернационално училиште „Нова“ на дел од наставниците, учениците и родителите од ООУ „Кузман Шапкарев“ им овозможија да научат повеќе за различностите и да се сензибилизираат за лицата со попреченост.

Работилницата беше збогатена со танцови игри, ликовни творби, а беа напишани и пораки преку кои учениците на лицата со попреченост им дадоа поддршка.

Едукативната работилница во истото училиште ќе продолжи и наредниот месец.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/GuggJaZsto
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/DLp2AGVpAL
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење https://t.co/NgZkQAUlUp