Акција за расчистување на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита денес започна со акција за расчистување на дел од својата територија.

 

Сезонските работници ангажирани од Општината работат на целосно расчистување на игралиштето „Вембли“, а веќе за наредната недела е планирано расчистување на трим патеката во Кисела Вода, во должина од околу два километри.

Се работи за дополнителни активности на локалната самоуправа, покрај редовното есенско расчистување на територијата на општина Кисела Вода во насока на обезбедување на почиста и поздрава животна средина за своите жители.  Дополнително, Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје и сите градски јавни претпријатија на 30.11.2017 и 01.12.2017 година (четврток и петок) ќе спроведат акција за чистење на дивите депонии во урбаниот дел на општината. Покрај ова, ќе се врши и кастрење на гранките на дрвјата, а ќе се собираат и паднатите лисја од истите.

Во оваа акција локалната самоуправа ќе ангажира вкупно 60 сезонски работници, а ќе бидат вклучени и референтите на урбаните заедници кои ќе бидат координатори на истата. Воедно, во расчистувањето од страна на Градот Скопје ќе бидат привремено ангажирани и невработени лица.

 

Коментари  

 
0 #1 Blagoj 2017-11-24 20:07
Dali moze da se iscisti delot okolu sportskata sala Rasadnik? Nesovesni luge postojano frlaat gubre.
Dali moze toj del da se cisti postojano?
Цитат
 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/GuggJaZsto
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/DLp2AGVpAL
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење https://t.co/NgZkQAUlUp