Ве известуваме дека Третата пленарна седница на Советот Општина Кисела Вода ќе се одржи на 28 ноември 2017 година (вторник) со почеток во 12,00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од Првата (конститутивна) седница на Советот
-Усвојување на Записникот од Втората пленарна седница на Советот
1.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори на подрачјето на Општина Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за избор на член на Управниот одбор-претставник од Министерството за труд и социјална политика во ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
3.Предлог-Одлука за избор на член на Управниот одбор-претставник од Министерството за труд и социјална политика во ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
4.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2017 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 година до 30.09.2017 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
5.Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2017 година;
6.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2017 година;
7.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на училишна фискултурна сала во основното училиште ,,Рајко Жинзифов,, населба Драчево, Општина Кисела Вода;
8.Предлог-Програма (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2018 година;
9.Предлог-Програма (J) - комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2018 година;
10.Предлог-Програма Г10 - за локален економски развој со Подпрограма ГДО – проекти за енергетска ефикасност на Општина Кисела Вода за 2018 година;
11.Предлог-Програма за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО) - Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на Општина Кисела Вода за 2018 година;
12.Предлог-Програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2018 година;
13.Предлог-Програма од надлежност В -Предучилишно воспитување за 2018 година Програма В1 - Предучилишно воспитување;
14.Предлог-Програма (Н1) и Програма (НА) капитални расходи основно образование за 2018 година;
15.Предлог-Програма за спорт и рекреација за 2018 година;
16.Предлог-Програма (К4) за културни манифестации и творештво и Предлог-Програма (КА) за културни манифестации и творештво (Капитални трошоци) за 2018;
17.Предлог-Програма за активностите на Општина Кисела Вода во областа за заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2018 година;
18.Предлог-Програма за начинот на извршување на обврските на Општина Кисела Вода од областа на одбраната во 2018 година;
Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода