Теона Поп Стојанова го потврди талентот

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Младинките на КК Бадел 1862, изминатиот викенд, продолжија со добрите игри во WABA лигата. Овојпат кошаркарките од Кисела Вода ги ,,преслушаа“ своите врснички од Загреб (Р.Хрватска) и Славија (Р.Бугарија). Имено, во второто коло од ,,Б“ групата за кошаркарки до 17 години, избраничките на тренерот Анета Глигорова славеа две победи.

Во спортската сала ,,Независна Македонија“, ЖКК Бадел 1862 во првиот натпревар, славеше над бугарскиот претставник Славија со 80:68, по четвртини (14:24,22:11, 25:19 и 19:14), додека во вториот натпревар кошаркарките од Кисела Вода успеаа да го победат Загреб со 65:59, по четвртини (10:13, 17:13,22:19 и 16:14). Интересно е дека и овојпат најдобра на теренот беше талентираната Теона Поп Стојанова, која со своите игри  докажува дека е голема перспектива на женската кошарка во Македонија. По два одиграни турнири, Теона на ранг листата е втора по постигнати кошеви, а трета по скокови и со тоа во моментов е рангирана меѓу првите пет кошаркарки на ова натпреварување. За истакнување е и играта на борбената Стефани Костова која на ранг листата е најдобар асистент на лигата, но секако, честитки за добрите игри на КК Бадел 1862 заслужуваат сите кошаркарки на шампионот од Кисела Вода. По четири одиграни средби, ЖКК Бадел 1862 со три победи е трети на табелата во Б групата. Третиот турнир ќе се игра  на 28.01.2018 година, а во Кисела Вода во спортската сала ,,Независна Македонија“ ќе гостуваат екипите на Ловѓен-Будуќност (Р.Црна Гора) и екипата Рагуза (Р.Словенија).  

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски им додели благодарници на ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел 1862 и КК Академија ФМП https://t.co/3d6rz4TMTD
7hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во повеќе паркови ја обнови урбаната опрема и детските игралишта https://t.co/oXV7zKjzip
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода избира најдобар наставник, воспитувач и негувател https://t.co/Ricks2VnWt