Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:00 часот жителите од улиците: Виктор Иго, Емил Зола, Невена Георгиева-Дуња, Балзакова и Дренак ќе останат без вода.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека прекините со водоснабдувањето ќе бидат поради замена на шибер од ф – 100 мм на ул. Виктор Иго бр.6, истите ќе траат се до завршување на работните активности.