Општина Кисела Вода, согласно известувањето добиено од Регионалниот центар за управување со кризи, информира дека денес, четврток, 21 декември, без струја ќе останат дел од корисниците во оваа општина.
Имено, од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. “Емил Зола”, дел од ул. “Иван Козаров”, дел од ул. “Борис Трајковски”, дел од ул. “Киро Крстевски”, дел од ул.”553” и дел од ул. “Виктор Иго”. Прекинот во снабдувањето ќе е одвива од 09 до 12 часот.