ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода, Скопје го доби третото место на конкурсот распишан од Министерство за образование и наука за избор на најбезбедно и најчисто училиште во Македонија.
На повикот, согласно пропишаните критериуми, можеа да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Изборот го изврши стручна комисија, формирана од министерот за образование и науки врз основа на пристигнатите апликации и извршениот увид во училиштата.
Истите беше потребно да бидат дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини.