Продолжува чистењето на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода продолжува со акцијата за расчистување на сметот во сите месни и урбани заедници на својата територија.

 

Имено, со оваа акција од почетокот на оваа работна недела беше опфатено расчистување на отпадоците од улиците, тревните површини и парковите во УЗ „Цветан Димов“ каде беа собрани околу 4 тони смет, додека пак во УЗ „Кисела Вода“ беа собрани околу 3 тони смет.

Денес оваа акција продолжува да се одвива во урбаните заедници „Црниче“ и „Расадник“, додека пак веќе за почетокот на наредната работна недела планирана е акција за расчистување на УЗ „Бирарија“ и МЗ “Пинтија“.

За потсетување, во текот на мината недела се чистеше и во урбаните заедници „11 Октомври“ -  Бараки и „Драчево“ каде беа собрани вкупно 7 тони смет.

Локалната самоуправа за успешно спроведување на овие активности кои сеуште се во тек преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита ги вклучи своите сезонски работници.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи да вложува максимални напори за почиста и поздрава животна средина и повторно апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK