Сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа се и денес на терен.
По пријава на граѓани, се врши расчистување на насобраниот отпад од улицата 1520, лоцирана над индустриската зона во Општината. И покрај засилените инспекциски контроли и зачестените апели од страна на локалната самоуправа, на оваа локација од утринава се добрани околу 2 тона отпад.
Се чисти и рачно и со камиони.
Засилените инспекциски контроли ќе продолжат и во наредниот период. Општина Кисела Вода апелира за почитување на Законот за јавна чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат.