Процедурата за поднесување на потребната документација е многу едноставна.
Еднократна парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејството, до Општина Кисела Вода, со уредно приложена документација на увид, која ќе го потврди раѓањето на новиот член на семејството и територијалната припадност (живеалиште), на подрачјето на општината Кисела Вода.
Значи, двата родители треба да се жители на општината и покрај барањето кое може да го преземете подолу, неопходно е да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), како и Извод од матична книга на родените за новороденчето.
Истовремено барателите кон пријавата, неопходно е да приложат и фотокопија од трансакциона сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Потребното барање можете да го преземете од ТУКА.
Коментари