Ве известуваме дека Седмата пленарна седница на Советот Општина Кисела Вода ќе се одржи на 27 февруари 2018 година (вторник) со почеток во 12,00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од Шестата пленарна седница
1.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2018;
3.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за четвртиот квартал од 2017 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
4.Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот за 2018 година бр.09-8669/4 од 25.12.2017 година;
5.Предлог-Одлука за задолжување на средства добиени од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку Проектот за подобрување на општинските услуги;
6.Извештај за извршениот попис на средствата и нивните извори со состојба 31.12.2017 година;
7. Извештај за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во општина Кисела Вода во 2017 година;
8.Програма за Енергетска Ефикасност за Општина Кисела Вода 2018-2020;
9.Акционен план за 2018 година од Програмата за Енергетска Ефикасност за Општина Кисела Вода 2018-2020;
10.Советнички прашања
Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода