Ве известуваме дека Осмата пленарна седница на Советот Општина Кисела Вода ќе се одржи на 9 март 2018 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Годишен Извештај (информација) за работа на Полициска станица од општа надлежност ,,Кисела Вода,, за 2017 година;
2.Усвојување на Годишен извештај на општина Кисела Вода за 2017 година, со:
-Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2017 година;
-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната сметка на општина Кисела Вода за 2017 година;
-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2017 година;
-Извештај од одговорниот сметководител за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2017 година;
3.Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2017 година;
4.Предлог-Буџетски календар на општина Кисела Вода за 2018 година;
5. Давање согласност на измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување за 2018 година од Јавна детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
6.Давање согласност на Годишниот план за вработување на Општина Кисела Вода за 2018 година;
7.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода