Градоначалникот Филип Темелковски го означи почетокот на Меѓунaродниот карате турнир „Фунакоши Гичин“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес свечено го отвори Меѓунaродниот карате турнир „Фунакоши Гичин“.

Во преполната спортска сала „Архиепископ Доситеј“ градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред пристуните изрази големо задоволство што ја има таа чест да го означи почетокот на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин“. Темелковски нагласи дека сите спортски работници се наши претставници и најголеми амбасадори надвор од нашата држава. Воедно, на учесниците, гостите и спортските работници им посака многу успеси во текот на овој карате турнир.

Покрај ова, од страна на карате клубот „Фунакоши Гичин“ на градоначалниот Филип Темелковски му беше доделена плакета за помош во организирањето и реализацијата на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин“.

Клубот „Фунакоши Гичин“ кој по деветти пат е организатор на овој турнир во Општина Кисела Вода, основан е во 2003 година, од страна на Стојан Андриевски карате мајстор во шестти дан. Досега овој клуб бележи бројни успеси и има освено преку 2000 медали, како на домашни така и на меѓународни натпревари.

Имено, денешниот Меѓународен карате турнир „Фунакоши Гичин“ се одржува под покровителство на Општина Кисела Вода, Карате федерацијата на Македонија и туристичката агенција СКАУТ.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/GuggJaZsto
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/DLp2AGVpAL
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење https://t.co/NgZkQAUlUp